ПМФЛ

Нов кикс на Шкендија, само бод против Македонија ЃП

Во третото коло Шкендија го освои првиот бод оваа сезона, но повторно ги разочараа своите навивачи откако одиграа само 1-1 против Македонија Ѓорче Петров на свој терен.

Шампионот Шкендија реди киксови во новата сезона, по двата порази во првите две кола денеска одигра реми на свој терен против Македонија Ѓорче Петров.
 
И двата гола беа постигнати во финишот од првото полувреме, гостите од Ѓорче Петров поведоа преку Едуардо, а Бејтуали изедначи на 1-1. Шкендија со еден освоен бод е на претпоследното место на табелата.
 
Академија Пандев е лидер со седум бода. Пандевци денеска го совладаа Борец со 2-0 со головите на Дориев и Танушев.
 
Интересно беше на мечот меѓу Шкупи и Ренова каде домаќините со гол во 90. минута дојдоа до бод. Мечот заврши 2-2. По два гола постигнаа Јурина и Селмани.
 
Три бода освои Струга ТЛ откако го совлада Силекс со 2-1. Кировски даде два гола за домаќините, Грозданоски погоди за кратовскиот тим.
 
Фото: ФК Шкендија

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе