Примера

Нов кикс на Барса, само бод од гостувањето кај Осасуна (ВИДЕО)

„Каталонците" стигнаа само до бод на жешкото гостување во Памплона, Пике направи пенал на десет минути до крајот со кој домаќините се изборија за 2-2.

Нок кикс на Барса, избраниците на Валверде само со бод се враќаат од гостувањето во Памплона.

Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа веќе во 6. минута. Торес со прекрасен волеј биеше неодбранливо за 1-0.

Барселона се врати во игра на стартот од вториот дел кога нововлезениот Ансу Фати прекрасно со глава биеше за 1-1 и стана најмладиот стрелец во историјата на „каталонците“. Десетина минути подоцна дојде до комплетен пресврт. Уште еден играч кој доби шанса од клупата, Артур прецизно биеше за 1-2.

Сепак, на десет минути до крајот, Пике направи пенал а Торес од белата точка израмни на 2-2.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе