Премиерлига

Нов хет-трик на Роналдо за победа на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо уште еднаш ја презентираше својата големина, овојпат му даде три голови на Норич за победа на Манчесер јунајтед од 3-2, Арсенал повторно киксна, загуби со 1-0 кај Саутемптон. 

По хет-трикот против Тотнем, Роналдо му даде три гола и на Норич кој вредеше нови три бода за Манчестер јунајтед.
 
Роналдо својот идеален ден го најави уште во седмата минута кога погоди по асистенција на Еланга, а во 32. минута зголеми на 2-0.
 
Пред крајот на првиот дел Норич намали со гол на Доуел, а по седум игра во вториот дел Пуки изедначи на 2-2.
 
Сепак Роналдо со супер гол од слободен удар во 76. минута го комплетираше својот хет-трик за победа на Манчестер јунајтед од 3-2.
 
Арсенал не го искористи киксот на Тотнем, загуби на гостувањето кај Саутемптон со 1-0. Голот беше дело на Беднарек во 44. минута.
 
Брентфорд со 2-1 победи на гостувањето кај Ватфорд.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе