По хет-трикот против Тотнем, Роналдо му даде три гола и на Норич кој вредеше нови три бода за Манчестер јунајтед.
Роналдо својот идеален ден го најави уште во седмата минута кога погоди по асистенција на Еланга, а во 32. минута зголеми на 2-0.
Пред крајот на првиот дел Норич намали со гол на Доуел, а по седум игра во вториот дел Пуки изедначи на 2-2.
Сепак Роналдо со супер гол од слободен удар во 76. минута го комплетираше својот хет-трик за победа на Манчестер јунајтед од 3-2.
Арсенал не го искористи киксот на Тотнем, загуби на гостувањето кај Саутемптон со 1-0. Голот беше дело на Беднарек во 44. минута.
Брентфорд со 2-1 победи на гостувањето кај Ватфорд.