Ла Лига

Нов гол на Суарез, Атлетико ја „преслуша“ и Валенсија (ВИДЕО)

Луис Суарез продолжува да ги тресе противничките мрежи, Уругваецот стрелаше прецизно и денеска во победата на Атлетико Мадрид од 3-1 над Валенсија.

Избраниците на Симеоне продолжуваат да редат победи, вечерва славеа на домашен терен против Валенсија.

Гостите поведоа во 11. минута, Рачиќ прекрасно погоди за 0-1. Сепак, Атлетико брзо одговори и преку Жоао Феликс изедначи во 23. минута.

На стартот од вториот дел на сцена стапи Луис Суарез, напаѓачот си подари гол за роденден и реализираше за 2-1. За Уругваецот ова беше погодокот број 12 оваа сезона.

Во 72. минута Кореа се запиша во листата на стрелците и ги реши сите дилеми.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе