Македонија У21

Нов дебакл на надежите до 21 година, Австрија ја наполни македонската мрежа

По срамот во Гибралтар, нов удар за фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, овој пат пораз на арената „Филип Втори“ од селекцијата на Австрија со убедливи 4-0.

Оваа генерација на македонски фудбалери уште еднаш покажа дека е далеку од нивото на своите претходници, кои играа на Европското првенство.
 
По одличниот старт со победа на гостувањето кај Ерменија, македонската јавност се надеваше дека Македонија има уште една генерација подготвена за големи резултати. Следуваше поразот од Србија кој не беше толку болен. Но потоа се случи дебакл во Гибралтар и пораз од оваа селекција кој не смееше да се дозволи.
 
Македонските фудбалери денеска излегоа со мотив да се искупат за тој пораз, но наместо тоа доживеаа уште еден дебакл покажувајќи дека се далеку од претходната генерација.
 
Австрија беше подобар противник кој можеше и поубедливо да дојде до трите бода. Македонија од време на време се закануваше со по некоја шанса но не успе да постигне ниту почесен гол.
 
Резултатот беше отворен во 12. минута кога Амел Јакуповиќ со вистинска бомба донесе радост за Австријците. Во 25. минута Хонсак го зголеми резултатот на 2-0. А по една неснаодливост на македонската одбрана, Лаимер погоди за водство на Австрија од 3-0. Со тој резултат се отиде на одморот.
 
Македонија се обиде да игра поофанвизно во второто полувреме, но тешко одеше. Нова грешка на нашата селекција, нов гол за Австријците во 54. минута, Јакуповиќ со својот втор гол ги постави конечните 4-0.
 
На десет минути пред крајот Македонија остана со играч помалку поради втор жолт картон на Костадинов.
 
Во 85. минута Македонија имаше шанса од пенал да постигне почесен гол, но ударот на Исени го одбрани голманот на Австрија.
 
По четири одиграни натпревари во квалификациите, Македонија има само три бода, една победа и четири порази.
 
Ова беше последниот натпревар на надежите до 21 година во 2017. Следниот квалификациски меч е на 23. март во Скопје против Русија.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе