ПРОБЛЕМИ И КОГА ПОБЕДУВААТ

Нов бунтовник во Баерн, Рибери збесна по одлуката на Анчелоти и го фрли дресот! (ВИДЕО)

Фудбалерот со најдолг стаж на Алианц Арена, Франк Рибери е последното име кое влезе во конфликт со Карло Анчелоти, Французинот реагираше бесно на одлуката да биде повлечен од игра против Андерлехт

„Баварците“ поминуваат низ тешки моменти, а во соблекувалната се појави нов бунтовник. По Роберт Левандовски и Томас Милер, сега нов инцидент направи Франк Рибери.

Искусниот Французин беше бесен на одлуката на Карло Анчелоти да го извади во завршницата од дуелот со Андерлехт во Лигата на шампионите, па го фрли дресот кога се упати кон клупата за резерви.

„Разбирам дека може да биде бесен и дека сака да игра 90 минути, но не ја разбирам неговата реакција” – рече по крајот на натпреварот тренерот на Баерн Минхен.

„Имаше уште десет минути до крајот, тој веќе имаше жолт картон па сакав да го заштитам и да му дадам мал одмор. Исто така, во неделата се пожали на ситна повреда”.

Германците се познати по строгите правила и веројатно Франк Рибери ќе биде казнет, во моментов инцидентот кратко го прокоментира само спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој порача: „Вакви работи не можат да се случуваат во Баерн Минхен”.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе