Повратникот во Премиерлигата е прилично активен на пазарот

Нотингем Форест купи цел еден тим и потроши речиси 100 милиони евра на засилувања!

Повратникот во Премиерлигата, Нотингем Форест беше прилично активен на трансфер пазарот, донесени се 11 нови играчи и потрошени речиси 100 милиони евра.

За прв пат по 1999 година, Нотингем Форест ќе игра во Премиерлигата и очигледно целта е да се опстане во елитата.

„Црвените“ беа прилично активни на трансфер пазарот, купен е цел еден тим. Голем број на извори пренесуваат дека е договорен трансфер на Орел Мангала од Штутгарт вреден 15 милиони евра, па фудбалерот од средниот ред ќе биде 11-тото засилување.

Претходно беа потрошени рекордни 20,5 милиони евра за Таиво Авонији од Унион Берлин, а клубот потпиша и со Џеси Лингард, Англичанецот дојде беспари но доби плата од неверојатни 200.000 фунти неделно.

20 милиони евра беа потрошени за Неко Вилијамс, а по 10 милиони евра за Муса Ниакате и Жулијан Бјанконе.

Омар Ричарс е платен 8,5 милиони евра, а скоро 6 милиони евра се одвоени за Луис О’Брајан, истата сума е платена и за Хари Тофоло.

Најевтино засилување е Брендон Агилера за кого се одвони 950.00 евра, а уште едно звучно засилување дојде на позајмица, односно голманот Дин Хендерсон од Манчестер јунајтед.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе