Премиерлига

Норич за добредојде назад прими четири гола за 45 минути, Ливерпул стартуваше со убедлива победа (ВИДЕО)

Ливерпул стигна до убедлива победа на стартот од новата сезона во Премиерлигата, „црвените" пред своите фанови со 4-1 го совладаа повратникот во елитата, Норич.

Вечерва на Енфилд се одигра првиот натпревар од новата сезона во Премиерлигата. Повратникот Норич за добредојде назад прими четири погодока во првите 45 минути.

Резултатот беше отворен во 7. минута кога Хенли ја затресе сопствената мрежа. Потоа погодија Салах, Ван Дајк и Ориги за убедлива предност на домаќините на пауза.

Од оваа сезона, ВАР се употребува и во најсилното првенство на Англија, и уште на стартот имаше проблеми, кои за среќа беа технички и само на кратко го одложија стартот на вториот дел поради прекин на комуникацијата помеѓу судиите.

Во продолжението од мечот, Норич одигра за нијанса подобро, па гостите преку Пуки стигнаа до почесен гол.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе