ФА Куп

Норич го исфрли Тотнем од ФА Купот (ВИДЕО)

Тотнем е елиминиран од ФА Купот, тимот на Мурињо загуби на свој терен од Норич кој подобро ги изведе пеналите, Манчестер Сити со 1-0 победи кај Шефилд Венздеј, со истиот резултат Лестер го совлада Бирмингем. 

Тотнем одигра уште еден лош натпревар и заслужено доживеа елиминација од ФА Купот.
 
Натпреварот почна добро за лондонскиот клуб, во 13. минута Вертонген постигна гол за водство од 1-0. Играта на Тотнем во првиот дел беше добра, мечот го имаа под контрола.
 
Но работите се променија во вториот дел, Норич се почесто напаѓаше а таквата нивна игра вроди со плод во 78. минута кога Дрмиќ постигна гол за изедначување на 1-1.
 
Немаше други погодоци во регуларниот тек, а мрежите мируваа и во двете продолженија од по 15 минути, па пеналите го решаваа победникот.
 
И пенал серијата почна добро за Тотнем, Дајер даде гол, а Ворм го одбрани ударот на Меклин, но потоа следеа промашувања.
 
Ламела биеше во пречката, а Крул ги одбрани ударите на Перот и Фернандеш по што славјето на Норич можеше да почне.
 
Манчестер Сити со гол на Агуеро во 53. минута победи на гостувањето кај Шефилд Венздеј.
 
Переира постигна гол за Лестер против Бирмингем кој значеше победа за пласман во четвртфиналето од ФА Купот.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе