На церемонијата за наградите „Д Бест“, ФИФА го одреди најдобриот голман и идеалниот тим за 2020 година.
Мануел Нојер од Баерн Минхен беше избран за најдобар голман, но интересно, за Германецот немаше место во идеалниот тим. Кога се во прашање најдобрите 11, на голот се најде Алисон Бекер од Ливерпул.
Идеален тим на ФИФА:
Голман: Алисон
Одбрана: Александер Арнолд, Ван Дајк, Рамос и Дејвис
Среден ред: Кимих, Де Брујне и Алкантара
Напад: Меси, Роналдо и Левандовски