Премиерлига

Њукасл со помош на ВАР во 97. минута дојде до бод против Тотнем (ВИДЕО)

Тотнем беше многу подобар од Њукасл кој немаше ниту шут на голот кон Лорис се додека не добија пенал благодарение на ВАР длабоко во судиското продолжение. 

Тотнем тргна фуриозно, уште од стартот се редеа шанси пред голот на Њукасл, а Лукас во 25. минута по асистенција од Кејн донесе водство од 1-0.
 
Сон ја погоди и стативата и пречката, а голманот на Њукасл имаше неколку фантастични интервенции.
 
Тотнем ја имаше играта под контрола, но во судиското продолжение од мечот Даер играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по прегледувањето на ВАР судијата покажа пенал за Њукасл кој го реализираше Вилсон за конечни 1-1.
 
Само неколку минути претходно играч на Њукасл играше со рака во својот шеснаесетник но тогаш ВАР не се огласи, па веројатно Мурињо ќе биде бесен на судењето.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе