Побарал да биде информиран за ситуацијата

Њукасл сака да ангажира дури четворица играчи на Челси

Медиумите од Англија пренесуваат дека Њукасл побарал од Челси да биде информиран за ситуацијата на Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон Одои, Конор Галагер и Армандо Броја.

Њукасл е прилично резервиран на трансфер пазарот ако се знае дека стана најбогатиот клуб во светот по зделката со која сопственоста премина во рацете на конзорциум предводен од Саудиска Арабија.

Но до крајот на преодниот рок можат да се променат работите, Њукасл се интересира за голем број на фудбалери.

Последните информации велат да Њукасл мерка дури четворица фудбалери на Челси и побарал да биде информиран за нивната ситуација, и дали има можност за трансфери.

Се работи за Кристијан Пулишиќ, Калум Хадсон Одои, Конор Галагер и Армандо Броја.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе