Заврши состанокот со агентите на Аргентинецот

Ниту трансфер во Барса, ниту во Реал: Лаутаро останува во Интер

Заврши состанокот помеѓу директорите на Интер и агентите на Лаутаро Мартинез, на излегување од канцелариите, Бето Јаке изјави дека фудбалерот останува на „Џузепе Меаца".

Лаутаро Мартинез останува во Интер, ова го изјави неговиот агент по средбата со раководството на „нероаѕурите“.

Изминатиов викенд, агентите на Лаутаро Мартинез беа во Барселона, а според Спортмедиасет, на пат кон Милано застанале и во Мадрид на средба со Реал на која наводно паднал договор.

Се најавуваше дека на состанокот со Интер ќе бидат презентирани понудите од двата гиганти од Шпанија и ќе се разговара за трансфер, но играчот нема да го напушти Милано.

На излегување од канцелариите, Бето Јаке разговараше со медиумите и порача: „Нема ништо со Барса и Реал. Лаутаро останува“.

Според добро упатениот Ди Марцио, по завршувањето на преодниот рок, Интер и агентите одново ќе седнат на маса да разговараат за нов договор на Аргентинецот и поголема плата.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе