Баерн Минхен ги прекина преговорите со Давид Алаба за нов договор откако дефанзивецот побара голема плата за да остане верен.
Се шпекулираше дека Реал Мадрид може да биде следната дестинација на фудбалерот од Австрија, но според пишувањата на Кикер, ниту „кралевите не можат да платат колку што бара играчот.
Наводно станува збор за годишна плата од 20 милиони евра, како и бонус од 20 милиони евра за потпис на договорот, пари кои ќе ги поделат неговиот адвокат Пини Захави и неговиот татко.
Во таборот на Реал Мадрид исто така веруваат дека Давид Алаба ќе заврши во ПСЖ, и „светците“ се посочуваат како фаворит за неговиот потпис.