Рома не само што дојде до реми, туку беше поблиску и до победа, сепак до изедначувачкиот гол дојдоа во самиот финиш.
Елмас и овој меч го почна од клупата, во игра влезе во 68. минута, имаше една убава шанса, но неговиот удар го одбрани Руи Патрисио.
Наполи поведе рано, со гол на Инсиње од пенал во 11. минута од натпреварот.
Рома немаше многу шанси во првото полувреме, но еднаш ја погоди пречката. По обид од слободен удар на Пелегрини, Осимен за малку ќе си постигнеше автогол.
Во вториот дел Рома ја зголеми иницијативата, а Наполи се повлече и тоа ги чинеше.
Почнаа да се редат шанси пред голот на Наполи, а судијата не досуди ниту чист пенал за Рома по еден старт на голманот Мерет врз Заниоло.
Но, не престанаа нападите на Рома, а по една акција во 91. минута Ел Шарави постигна гол за израмнување на 1-1.
Имаше осум минути продолжение, а во нив Рома се обиде да дојде и до целиот плен, но не беше успешна во финишот од акциите.