„Сините“ нема да штедат за ова лето да го купат Норвежанецот

Ниту на Халанд не му се верува каква понуда подготвува Челси: Тоа се многу пари

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се огласи по гласините дека Челси подготвува 175 милиони евра за неговите услуги, вели дека тоа се многу пари за еден фудбалер.

Ерлинг Халанд летото во 2022 година може да замине од Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, но неколку клубови сакаат уште сега да го видат напаѓачот во своите редови.

„Милионерите“ немаат намера да се откажат од Норвежанецот, особено што останаа без Џејдон Санчо, но тоа не ги обесхрабрува гигантите ширум Европа. Се шпекулира дека Челси ќе ја стави на тест одлучноста на Борусија Дортмунд и ќе достави понуда од неверојатни 175 милиони евра.

Запрашан за ваквите написи, Ерлинг Халанд вели: „До вчера, се немав слушнато со мојот агент повеќе од еден месец. Овој податок треба доволно да ви каже“.

„Се надевам дека веста која ја слушнав од вас е само шпекулација, 175 милиони евра се премногу пари за еден фудбалер“.

Кога новинарот продолжи да го прашува за иднината, тој порача: „Имам уште три години од договорот и уживам во времето поминато тука“.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе