Швеѓанецот е под договор со ЛА Галакси до декември, се уште нема пресечено дали ќе ја продолжи авантурата во САД, па затоа често се пишува за неговата следна дестинација.
Низ медиумите има најразлични гласини, за враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан или враќање во Манчестер јунајтед, или пак преселба под Везув и трансфер во Наполи.
Но според денешното издание на Кориере дело Спорт, напаѓачот преферира преселба во Болоња. Весникот пренесува дека тренерот Синиша Михајловиќ му се јавил на Златан Ибрахимовиќ и го советувал да му се придружи на „Ренато Далара“.
„Дојди и забавувај се додека правиш шоу за цела Италија“ – била пораката на Михајловиќ до неговиот добар пријател Ибрахимовиќ.
Кориере дело Спорт додава дека Златан Ибрахимовиќ ќе донесе конечна одлука до 10. декември.