Победата над Шалке се славеше пред легендарната јужна трибина

Коронавирусот не ја сопре традицијата, фудбалерите на Дортмунд го поздравија „жолтиот ѕид“ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд победата против Шалке ја прослави пред легендарната јужна трибина, фудбалерите го поздравија „жолтиот ѕид" и покрај тоа што таму немаше фанови.

Љубителите на фудбалот по два месеци пауза повторно можат да уживаат во овој спорт, денеска продолжи сезоната во Бундеслигата. Но во следните месеци фудбалот нема да биде онаков каков што го знаеме. Протоколи за социјална дистанца и празни трибини се новата реалност.

Но и во ваква ситуација, фудбалерите на Борусија Дортмунд решија да останат доследни на својата традиција, односно победите да ги слават пред своите најверни фанови.

Па по крајот на дуелот со Шалке, играчите славеа пред легендарната јужна трибина и го поздравија „жолтиот“ ѕид и покрај тоа што таму немаше навивачи.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе