Серија А

Ниту Ибра не му помогна на Милан, Роналдо до прв хет-трик во Серија A и нова историја (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го забележа првиот хет-трик во Серија А откако попладнево три пати ја тресеше мрежата на Каљари, Аталанта броеше до пет и против Парма а на Милан не му помогна ниту Златан Ибрахимовиќ.

Кристијано Роналдо може да се пофали дека е само вториот играч кој забележал хет-трик во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А. ЦР7, со нова фризура, попладнево три пати ја тресеше мрежата на Каљари и го изедначи постигнувањето на Алексис Санчез.

Португалецот го отвори резултатот на стартот од вториот дел откако одзеде една топка и рутински го матираше Олсен. Во 67. минута, Кристијано Роналдо погоди од пенал за 2-0, а потоа во 60 секунди паднаа два гола. Игуаин зголеми на 3-0 а ЦР7 го комплетираше хет-трикот за конечни 4-0.

Аталанта имаше ново гол шоу, тимот од Бергамо како што ја заврши 2019 (со триумф од 5-0 над Милан) ја отвори и 2020 и славеше со 5-0 против Парма.

Гомез го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел Фројлер и Госенс се погрижија за убедлива предност на пауза. Во продолжението од мечот, Иличиќ погоди два пати за убедлива победа.

На последниот денешен натпревар од 15 часот, Милан разочара одново и одигра само 0-0 со Сампдорија. Не помогна ниту Златан Ибрахимовиќ, кој доби половина час.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе