Напаѓачот не покажал класа

Ниту еден фудбалер на Гибралтар не сакал да замени дрес со Халанд: По тоа што му го направи на нашиот капитен...

Рис Стич од англискиот седмолигаш Хеднесфорд Таун откри дека ниту еден репрезентативец на Гибралтар не сакал да размени дрес со Ерлинг Халанд бидејќи ѕвездата на Борусија Дортмунд се однесувала арогантно.

На почетокот од овој месец, Норвешка го пречека Гибралтар во квалификациите за СП 2022, Ерлинг Халанд е најзвучното име во редовите на домаќините, но ниту еден гостински фудбалер не сакал да го размени дресот со ѕвездата на Борусија Дортмунд.

„Никој не сакаше да го размени дресот со Халанд, сите го одбивме“ – раскажува Рис Стич, кој настапува за англискиот седмолигаш Хеднесфорд Таун.

„Кога го игравме првиот меч во март, нашиот капитен Рој Чиполина го побара дресот од Халанд. Норвешка тогаш победи со 3-0 но Халанд не погоди, беше изваден од игра по еден час игра и не беше расположен поради ваквиот развој на настаните“.

„Кога двајцата завршија со ТВ интервјуата, Рој му рече, „Моето дете е твој огромен фан, сакаш да ги размениме дресовите?“ Халанд само го погледна, се насмевна и си замина!“

„Може да купи многу работи, но не може да купи класа. Веројатно славата му удри во глава“.

„Имаше шанса да му го разубави денот, месецот или годината на едно мало дете а тој одби да го стори тоа. Па затоа никој не сакаше да размени дрес со него на реваншот во Осло. Не знам што направи со дресот, можеби го зачувал бидејќи постигна хет-трик или пак го дал на некој фан на Норвешка бидејќи ова беше нивниот прв домашен натпревар со публика“.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе