Босна и Херцеговина

Ништо од оставката, Просинечки останува селектор на БиХ

Иако си поднесе оставка од селекторската позиција на Босна и Херцегодина, Просинечки сепак останува на функцијата. 

Роберт Просинечки се предомисли, од федерацијата го убедиле да продолжи да ја води репрезентацијата на Босна и Херцегодина.
 
„БиХ се уште има шанса да се пласира на Европското првенство. Може и преку Лигата на нации. По мечот со Ерменија почувствував дека треба да дадам оставка. Невозможно е една таква селекција да не оди на ЕП. На крајот поради поддршката која ја добив ја променив одлуката. Работите се менуваат, така и мојата одлука. Најлесно ќе беше да побегнам и да кажам дека е готово“, изјави Просинечки.
 
Тој си поднесе оставка по поразот на гостувањето кај Ерменија од 4-2.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе