ЕХФ шампионат У18

Ништо од финале, Македонија поразена од Белорусија

Македонската ракометна репрезентација до 18 години го загуби полуфиналето од Белорусија со 30:32 и нема да се пласира меѓу најдобрите ракометни селекции во Европа.

Македонските ракометари имаа перфектен учинок во групната фаза, пет победи од пет натпревари, но потфрлија во денешното полуфинале во кое Белорусија беше подобриот противник.
 
Противникот водеше во текот на целиот меч, Македонија постојано ја бркаше негативата, но не успеа ниту во еден момент да ја стигне. На одморот се замина со 17:13 за Белорусија.
 
Во второто полувреме Белорусите имаа и позитива од пет гола разлика, Македонија најмногу што направи е што дојде на минус два во самиот финиш и конечен резултат од 30:32 за Белорусија.
 
Убедливо најдобар ракометар во нашата селекција беше Серафимов кој постигна дури 15 голови, половина од погодоците на Македонија, но немаше поддршка од другите.
 
За третото место Македонија ќе игра против Швајцарија која ја победивме во групната фаза, а во финалето ќе играат Италија и Белорусија.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе