„Специјалниот“ не го заборавил Македонецот

Николов: По натпреварот против Холандија, Мурињо му се јави на Пандев и сите почнавме да плачеме!

Бобан Николов раскажа интересна случка од Амстердам и последниот натпревар на Горан Пандев за Македонија, напаѓачот добил повик од поранешниот тренер Жозе Мурињо.

Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера со настап на Европското првнество, неговиот натпревар против Холандија беше последен во „црвено-жолтиот“ дрес.

Напаѓачот доби честитки од сите страни а Бобан Николов сега раскажа интересна случка од Амстердам.

„По дуелот со Холандија, со автобус се упативме кон хотелот. Пристигнавме пред хотелот и пред да го напуштиме автобусот, Мурињо го побара Горан преку видео-повик. Мурињо почна да му зборува и заплака. Почнавме да плачеме и јас и Стефан Ристовски... сите заедно плачевме. Беше многу емотивно, кога една легенда како Мурињо се обраќа на тој начин“ – открива Бобан Николов во емисијата „Лазаров“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе