Лига на шампиони

Николов и Шериф овојпат беа немоќни против Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид му врати на Шериф за шокот кој му беше приреден на Бернабеу, овојпат кралскиот клуб победи со 3-0, а Бобан Николов одигра нешто повеќе од половина час. 

Реал Мадрид лесно, со 3-0 славеше на гостувањето во Молдавија против Шахтар, тимот кој го приреди најголемото изненадување досега во Лигата на шампионите.
 
Домаќините се држеа половина час, а тогаш Алаба погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
Пред самиот крај на првиот дел Тони Крос зголеми за 2-0 и веќе работите стануваа јасни.
 
По десет минути игра во вториот дел, Карим Бензема ги постави конечните 3-0 за Реал Мадрид.
 
Бобан Николов во игра влезе во 59. минута од натпреварот.
 
Во оваа група претходно Интер со 2-0 го совлада Шахтар.
 
Реал Мадрид и Интер се во осминафиналето, кралскиот клуб има 12 бода, нероазурите 10, па во последното коло во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првото место.
 
Шериф со шест бода веќе го има освоено третото место и ќе продолжи во Лига Европа. Шахтар има само еден бод.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе