Лига Европа

Николов и МОЛ Види одново го совладаа ПАОК, Челси, Лацио и Ајнтрахт веќе се во нок-аут фаза (ВИДЕО)

Бобан Николов и МОЛ Види ја добија и втората пресметка со ПАОК, вечерва пред своите фанови славеа со 1-0, Челси, Лацио и Ајнтрахт уште сега обебзедија учество во шеснаесетфиналето.

МОЛ Види на нашиот Бобан Николов драстично си ги зголеми шансите за европска пролет. Откако во минатото коло славеа среде Солун и ја освоиај „Тумба“, вечерва пред своите навивачи ја добија новата пресметка со ПАОК.

Миланов во 50. минута од мечот го постигна единствениот погодок вреден три бода за МОЛ Види.

Оливие Жиру го постигна својот прв гол по мај месец идонесе триумф за Челси од 0-1 на гостувањето кај БАТЕ Борисов. За „Сините“ оваа победа значеше и обезбеден пласман во нок-аут фазата.

Таму ќе се најдат и Лацио и Ајнтрахт Франкфурт кои своите учество во шеснаесетфиналето го обезбедија со триумфи од 2-1 над Марсеј, односно 2-3 на гостувањето кај Аполон.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе