Остварување на сонот

Никола Секулов потпиша професионален договор со Јувентус

Фудбалерот со македонско потекло, Никола Секулов кој не сака да игра за нашата репрезентација, стави потпис на професионален договор со Јувентус.

Никола Секулов одлично се развива во Јувентус, од денеска е и професионален фудбалер на Јувентус.
 
„Ова е посебен момент за мене и моето семејство, после толку жртвувања ми се исполни сонот да станам професионален фудбалер на Јувентус. Нека биде ова само една појдовна точка со овој дрес. Му благодарам на тимот за довербата која ја има во мене“, изјави Секулов.
 
Никола Секулов има 17 години, роден е во Пјаченца, но неговите родители потекнуваат од Струмица. Тој играше и за младинските категории на Македонија, но потоа реши да настапува за Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе