Никој не попушта, Јунајтед и Спортинг не можат да се договорат за трансфер на Фернандеш

Според дел од англиските медиуми, трансферот на Бруно Фернандеш нема да се реализира, двата клуба не можат да најдат компромис за висината на обесштетувањето. 

Полека изминува преодниот рок, а Манчестер јунајтед никако да го договори трансферот на Бруно Фернандеш.
 
Весникот „Сан“ пишува дека двете страни не се ни блиску до договор.
 
Спортинг Лисабон бара 68 милиони фунти, а Манчестер јунајтед понуди 42,5 милиони фунти да плати веднаш и дополнителни 8,5 милиони во бонуси.
 
На Спортинг иако му требаат пари, не сака да го продаде Фернандеш под бараната цена, во португалските медиуми велат дека Јунајтед е виновен што пропаѓа трансферот.
 
Раководството на Манчестер јунајтед пак смета дека Бруно Фернандеш не вреди толку колку што бара Спортинг и не сакаат да ја платат сумата од 68 милиони фунти.
 
Останува уште една недела до крајот на преодниот рок, Јунајтед уште не почнал ни преговори со Фернандеш за личните услови, бидејќи и двата клуба се далеку од договор.
 
Променето е и однесувањето на Фернандеш, тој беше уверен дека оди во Манчестер јунајтед, пред некое време се збогува со фановите на Спортинг бакнувајќи го клупскиот беџ по победата над Сетубал од 3-1 во која постигна два гола.
 
Но во вторникот не беше расположен. По мечот со Брага директно нервозен отиде во тунелот, не се ни поздрави со фановите, се расправаше со полицаец и турна камера.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе