Трабзон летоска од Леванте го купи Барди, но клубот не е задоволен од македонскиот фудбалер, па сака да го продаде во јануари.
Се шпекулираше дека има интерес од Торино, Бетис и Мајорка, а сега се пишува дека интерес за нашиот репрезентативец има и од Ница.
Останува уште една недела до крајот на преодниот рок, па во наредните денови ќе се знае иднината на Барди.