Иако нема многу опции

Ни Тен Хаг, ни Фергусон не го разубедија, Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо денеска пристигна во тренинг центарот на Манчестер јунајтед, дојде и Фергусон да го разубедува да остане, но англиските медиуми пишуваат дека ставот на Португалецот не се променил. 

Ерик тен Хаг и Сер Алекс Фергусон денеска се сретнаа со Кристијано Роналдо во Манчестер, но информациите велат дека не успеале да го променат ставот на Португалецот.
 
Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед и да игра за клуб кој игра во Лигата на шампионите и може да се бори за трофеи.
 
Но, нема многу опции. Единствениот кој е заинтересиран е Атлетико Мадрид, сепак тие би потпишале со него само под услов ако си ја намали платата и ако кај нив дојде беспари, немаат намера да платат обесштетување.
 
Ставот на Манчестер јунајтед е дека Кристијано Роналдо не е на продажба, а тоа значи дека тие немаат намера лесно да го пуштат да си замине.
 
Сагата на Роналдо ќе продолжи и во наредните денови, засега не се гледа крајот, но мора брзо да биде решена бидејќи новата сезона во Премиерлигата почнува за десет дена, а и преодниот рок ќе влезе во последниот месец.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе