„Кралевите“ го изедначија рекордот на Сантош и Пеле и постигнаа гол на 73 натпревари во низа, а вечерва против Бетис требаше да испишат нова историја.
Но наместо тоа, Реал Мадрид доживеа ново разочарување пред своите фанови, Бетис со гол во судиското надополнување триумфираше на Сантијаго Бернабеу.
Домаќините постојано напаѓаа, но гостите со трпелива игра одолеваа на притисокот.
Роналдо и Бејл пропуштија добри шанси, па во финишот на средбата Зидан реши да се коцка и фрли се на една карта. Тоа на крајот скапо го чинеше шампионот, гостите ја искористија проретчената одбрана на Реал, и Санабрија во 94. минута го шокираше фаворитот.
Па „Кралевите“ не само што остана без рекорд, туку останаа и без бодови и сега на табелата имаат -7 во однос на лидерот Барса.