Главата горе момци, одиме на Украина

Ни кошаркарите, ни ракометарите не победија на стартот кога стигнаа најдалеку

Македонските фудбалери со пораз од Австрија го почнаа настапот на Европското првенство, но историјата на нашите спортски репрезентации ни покажува дека не треба да очајуваме. 

Поразот од Австрија не мора да значи ништо, пред нас се мечевите со Украина и Холандија од кои можеме да освоиме бодови и да ја поминеме групната фаза.
 
Ако погледнеме назад, кон спортската историја на македонските репрезентации ќе видиме дека кога кошаркарите и ракометарите ги направија најголемите успеси, не тргнале со победа.
 
Во 2011 година, кошаркарската репрезентација на Македонија дојде до полуфиналето на Евробаскетот кој се одржуваше во Литванија, го освоивме четвртото место, а турнирот го почнавме со пораз од Црна Гора.
 
Следната година ракометарите го направија својот најголем успех, петто место од Европското првенство во Србија. Тогаш во Ниш, Македонија почна со реми против Шведска (26-26), а потоа следуваше и пораз од Германија (23-24).
 
И кошаркарите и ракометарите се кренаа по неуспешниот старт и отидоа далеку на турнирите, па зошто тоа да не го направат и фудбалерите кои многупати покажале дека можат да се носат со најсилните репрезентации.
 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе