Серија А

Незапирливиот Пјонтек изедначи рекорд стар 21 година, Милан го совлада Емполи (ВИДЕО)

Кшиштоф Пјонтек продолжува да ги тресе противничките мрежи, Полјакот вечерва изедначи постигнување од 1998 и ги трасираше „росонерите" кон победа од 3-0 над Емполи.

На стартот од 25. коло во Серија А, Милан славеше во дуелот со Емполи. Избраниците на Гатузо беа прилично тивки во првиот дел, Пакета погоди во 10. минута но ВАР оправдано го поништи голот поради офсајд.

По ова возбудување, домаќините не успеаја посериозно да се заканат по голот на гостите, а ниту пак Емполи беше расположен за разигрување.

Сепак, Милан се  разбуди на почетокот на вториот дел и за две минути ги реши дилемите околу победникот. Најпрво Чалханоглу му асистираше на Пјонтек за 1-0 во 49. минута, за потоа Кастиљехо одлично да го проигра Кеси, кој мајсторски лобуваше за 2-0 во 51. минута од мечот.

Конечниот резултат го постави Кастиљехо, кој на поблиската статива само постави нога и рутински го смести додавањето на Конти во мрежата на гостите.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе