Легендата на „ѓаволите“ смета дека ЦР7 треба да биде продаден

Невил вели дека му се гади од однесувањето на Роналдо и додава: Сер Алекс Фергусон знаеше како треба

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека му се гади од однесувањето на Кристијано Роналдо ова лето и смета дека „ѓаволите" треба да му дозволат на напаѓачот да замине.

Португалецот не се појави на стартот на подготовките, официјалното образложение беше дека Кристијано Роналдо има семејни проблеми, но медиумите шпекулираа дека напаѓачот изразил желба да го напушти клубот.

ЦР7 со задоцнување од три недели се врати во Манчестер, но во придружба на својот агент, па повторно се пишуваше за негов трансфер.

Минатата недела против Рајо Ваљекано, тој ги одигра првите минути на подготовките, но и тогаш направи контроверзија откако не го дочека крајот на натпреварот и предвреме го напушти Олд Трафорд.

„Да бидам јасен, никој не може да го оспoри она што го има постигнато Кристијано Роналдо, тој ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а работите што се случуваа ова лето брзо ќе бидат заборавени“ – вели Гери Невил. 

„Но како поранешен капитен на Манчестер јунајтед, ми се гади од ваквото однесување на Роналдо. Ѕвезда на Манчестер јунајтед не смее да си дозволи да прави проблеми во соблекувалата. Ова се случи неколку пати во последните години, Пол Погба, директно или индиректно преку неговиот агент, правеше проблеми“.

„Не може главниот играч да командува, не можете да си го дозволите тоа. Па кога Сер Алекс Фергусон во минатото ќе се ослободеше од некој играч, го правеше тоа зошто мораше да се ослободи од тој играч“. 

„Знам дека навивачите на Манчестер јунајтед сакат Роналдо да остане, но доколку Роналдо сака да замине, мислам дека клубот треба да му ја исполни желбата“.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе