Манчестер јунајтед

Невил: Солскјер не треба уште сега да добие договор

Поранешниот соиграч на Оле Гунар Солскјер, Гери Невил смета дека Манчестер јунајтед не треба уште сега да му даде перманентен договор на Норвежанецот.

Оле Гунар Солскјер дојде како привремена замена за Жозе Мурињо кој доби отказ во декември, но Норвежанецот има фантастична серија, за многу кратко време ги освои навивачите и сега е прв фаворит за долгорочно решение на клупата на Јунајтед.
 
Солскјер го водеше Манчестер јунајтед на 11 натпревари и се уште нема пораз, има дури 10 победи и само едно реми. Но Невил го предупредува клубот дека не треба да избрзува со решение за перманентен тренер.
 
„Мислам дека е прерано сега да му ја дадат работата. Мислам дека кога ќе заврши март ќе дојде вистинското време за оценување, потоа во април на шест недели пред крајот ќе може да се почне со разгледување на одлуката, да се види што мисли клубот, што мислат навивачите, кои се резултатите“, вели Гери Невил.
 
„Не го велам ова затоа што сега пред Манчестер се седум осум тешки натпревари, едноставно мислам дека треба да поминат три-четири месеци па потоа да судиме, но Оле Гунар Солскјер прави извонредна работа за да го добие тој договор“.
 
„Ако Манчестер јунајтед продолжи на овој начин до крајот на сезоната и заврши меѓу четирите најдобри, тогаш ризикувате ако не му ја дадете работата на Солскјер“.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе