Го обвини левиот бек за поразот на Челси кај Вест Хем

Невил не можеше да поверува што гледа: Маркос Алонсо што правиш? Тоа се учи на 6 години!

Гери Невил вели дека Маркос Алонсо е главен виновник за поразот на Челси на гостувањето кај Вест Хем, му замери за тоа што не тргнал навреме во одбрана при голот на Андриј Јармоленко.

„Сините“ испуштија важни бодови во трката за топ четири пласман, синоќа загубија со 3-2 на локалното гостување кај Вест Хем. „Чеканите“ стигнаа до три бода во самиот финиш кога по една контра, Андриј Јармоленко го совлада Кепа.

Гери Невил, кој мечот го работеше како стручен коментатор за Скај Спортс, прстот го впери кон левиот бек Маркос Алонсо. Кога Челси ја изгуби топката, Шпанецот беше во близина на Андриј Јармоленко, но не тргна веднаш во одбрана и потоа беше доцна.

„Можете да видите дека Јармоленко е во близина на Алонсо. Погледнете, погледнете“ – вели Невил.

„Што правиш Маркос Алонсо? Што правиш? Погледнете само колку бавно се враќа назад. Го чинеше Челси пораз, заедно со катастрофалната рекција на Ридигер“.

„Маркос Алонсо е на исто ниво со Андриј Јармоленко кога контрата почнува, и воопшто не се замара да се врати назад. Кажав и претходно, затоа е под притисок и клубот сака да го продаде“.

„Френк Лампард ќе забележи ова што јас го говорам. Кога вашиот тим ќе ја загуби топката, се враќата назад најбрзо што можете, тоа се учи на 6 години“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе