Поранешниот капитен на „ѓаволите“ не го крие разочарувањето

Невил го впери прстот кон шест играчи на Манчестер јунајтед кои играат под своите можности и очекувањата

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил ги пронајде виновниците за слабите резултати изминатиов период и наброја шест играчи за кои смета дека играат под своите можности и очекувањата.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед се на удар на критичарите откако загубија со 4-0 на „Гудисон Парк“ и беа испишани неколку негативни рекорди.

Гери Невил синоќа жестоко удри по ѕвездите, а поранешниот капитен на „ѓаволите“ сега наброја шест играчи кои играат под своите можности и очекувањата.

„Алексис Санчез. Не знам што се случува со него“ – вели легендата на „ѓаволите“ во својот подкаст за Скај Спортс.

„Маркус Рашфорд. Во живо ги гледав двата натпревари против Барселона. Маркус ми изгледаше изгубен. Дали влече повреда, или пак го стигна заморот од долгата сезона, но нешто не е во ред со него“.

„Ромелу Лукаку. Тој не се појавува на големите натпревари. Ова му се случува со години веќе“.

„Пол Погба се чини дека се врати на оној стариот Пол Погба од времето кога играше под водство на Жозе Мурињо, иако беше извонреден во претходните три месеци“.

„Антони Марсијал, неодамна се опорави од повреда, но ми се чини дека повторно се врати на оние стари изданија кога само си каска по теренот“.

„Де Геа не личи на самиот себе, ми делува дека е расеан и нешто друго му го одвлекува вниманието“.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе