Осум фудбалери се уапсени

Неверојатни сцени во Бразил: Фудбалерите на Бока се тепаа со полиција, фрлаа огради! (ВИДЕО)

Неверојатни работи се случуваа по мечот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс, гостинските екипи незадоволни од случувањата на теренот влегоа во голема конфронтација со сите кои им се испречија на патот. 

Тоа беше натпревар од осминафинале во Копа Либертадорес. Атлетико Минеиро на пенали го доби дуелот со Бока јуниорс, а на гостите со контроверзна одлука им беше поништен гол кој можеше да биде клучен на мечот.
 
По крајот на натпреварот на теренот се случи тепачка меѓу двата тима, која се прели и во ходниците од стадионот.
 
Фудбалерите на Бока се пресметуваа и со полицијата и обезбедувањето на стадионот, фрлаа и огради, нешто што ретко се гледа на фудбалски мечеви од високо ниво.
 
На крајот полицијата уапсила осум фудбалери на Бока јуниорс, па по реакција на амбасадорот на Аргентина играчите биле пуштени за да се вратат во својата земја.
 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе