Премиерлига

Неверојатна партија на Астон Вила, Ливерпул стана првиот шампион кој примил СЕДУМ гола во Премиерлигата (ВИДЕО)

Астон Вила имаше неверојатна партија против Ливерпул и славеше со убедливи 7-2, „црвените" станаа првиот актуелен шампион кој примил СЕДУМ гола на меч од Премиерлигата.

Победата од 6-1 на Тотнем на гостувањето кај Манчестер јунајтед беше изненадување, она што потоа го направија играчите на Астон Вила звучи неверојатно. 

Избраниците на Смит вечерва го совладаа Ливерпул со убедливи 7-2. Домаќините поведоа веќе во 4. минута, голманот Адриан лошо додаде, а Грилиш му асистираше на Воткинс за 1-0. 

Во 22. минута, Грилиш одново го послужи Вотскин за нов гол и предност од 2-0. 

Салах во 33. минута намали на 2-1 и ја врати надежта кај гостите, но Астон Вила со многу среќа веднаш одговори. Мекгин биеше од врвот на шеснаесетникот, топката го закачи Ван Дајк и заврши во мрежата. 

Пет минути подоцна, една лоша офсајд стапица придонесе Трезеге да прими топка и да нафрли во петерецот каде Воткинс со глава го матираше Адриан за 4-1 и хет-трик. 

По десетина минути игра во вториот дел, новото засилување Баркли убаво погоди од далечина за 5-1, а пет минути подоцна, Салах намали на 5-2. 

Во 66. минута среќата пoвторно беше на страната на Астон Вила, Грилиш биеше а топката го удри Фабињо и заврши во голот. 

Конечните 7-2 ги постави истиот играч по една контра во 75. минута. 

По овој тежок пораз, Ливерпул стана првиот актуелен шампион кој примил СЕДУМ гола на еден меч од Премиерлигата.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе