Лига на шампиони квалификации

Неуспешна мисија на Барди и Трабзонспор, ќе се задоволат со Лига Европа

Трабзонспор одигра без голови против ФК Копенхаген во реваншот од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, данскиот тим благодарение на победата од 2-1 по првиот меч оди понатаму. 

Енис Барди го одигра целиот натпревар за Трабзонспор, но не се израдува на пласман во Лигата на шампионите.
 
Македонскиот фудбалер имаше неколку прилики за гол, но не ги искористи.
 
ФК Копенхаген добро го контролираше натпреварот и не дозволи Трабзонспор да создаде многу шанси за гол, особено не во второто полувреме.
 
Трабзонспор ќе мора да се задоволи со учество во Лига Европа, а ФК Копенхаген ќе игра во Лигата на шампионите.
 
Глазгов Ренџерс го победи ПСВ во Ајндховен со 1-0 и со вкупни 3-2 оди во Лигата на шампионите.
 
Холандскиот тим со 2-2 се врати од Шкотска и важеше за фаворит, но Ренџерс се радува на победа и пласман во елитата.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе