Несторовски обично влегува од клупата за резерви, така беше и против Наполи кога доби шанса во последните 20 минути. Овојпат Македонецот постигна гол и го привлече вниманието на себе.
„Среќен сум што дадов гол, ама не сум среќен од резултатот. Напорно работам на секој тренинг, тој менталитет го имам од дете и знам дека сум четврти напаѓач во хиерархијата во клубот, ама без оглед на тоа секогаш сум спремен за Удинезе и секогаш ќе работам за да бидам подготвен. Секогаш работам напорно за да напредувам“, рече Несторовски, по мечот.
„Наполи беше уплашен на крајот за победата, но ние покажавме дека можеме против еден извонреден и силен тим, кој има неверојатна сезона досега. Сега следи пауза, треба да одмориме и потоа да се вратиме на работа и напорно да работиме за вториот дел за да стигнеме што е можно подалеку. Досегашната сезона покажаа дека можеме да направиме големи работи“.
Несторовски се врати и во репрезентацијата, тој ќе биде во комбинација за настап на мечевите против Финска и Азербејџан.