Серија Б

Несторовски со гол вреден три бода, Македонецот донесе победа за Палермо против Верона (ВИДЕО)

Илија Несторовски со стил се врати во тимот на Палермо откако паузираше еден меч поради црвен картон, Македонецот погоди против Верона и донесе три бода.

„Сицилијанците“ издвојуваа важна победа против директен конкурент за висок пласман, вечерва на „Барбера“, Палермо со 1-0 ја совлада Верона.

Голот вреден три бода го постигна Илија Несторовски. Македонецот се врати во стартниот тим откако паузираше еден меч поради црвен картон.

Популарниот „Нестогол“ на стартот од вториот дел доби топка во празно на пет метри и рутински реализираше за 1-0.

Напаѓачот во финишот од средбата можеше и по втор пат да се запише во листата на стрелците, но ја погоди само рамката од голот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе