Македонецот продолжува да игра во добра голгетерска форма

Несторовски со два нови погодока за Удинезе (ВИДЕО)

Илија Несторовски постигна два нови гола во дресот на Удинезе, Македонецот два пати ја тресеше мрежата против нисколигашот Сан Луиџи, натпревар кој заврши со резултат 9-2.

„Нестогол“ одново беше двоен стрелец за Удинезе, денеска на подготвителниот натпревар со нисколигашот Сан Луиџи, Македонецот два пати се запиша во листата на стрелците.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство на стартот од натпреварот, но брзо работите си дојдоа на свое место. Најпрво Несторовски изнуди пенал, а Теодорчик погоди од белата точка за 1-1. Истиот играч потоа одново ја тресеше мрежата на Сан Луиџи, Мандрагора погоди за 3-1 а Илија во период од пет минути постигна два гола за убедлива предност. Пред крајот на првиот дел Мандрагора реализираше уште еднаш за 6-1.

Во второто полувреме имаше голем број на измени, темпото на игра не беше исто па паднаа и помалку голови. Теодорчик стигна до хет-трик, Ломбарди забележа уште еден гол за гостите, а  до крајот на Овицах и Ди Барак ги поставија конечните 9-2.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе