Одлична партија на Македонецот

Несторовски со асистенција и два гола го реши Карпи па доби стоечки овации од фановите на Палермо (ВИДЕО)

Илија Несторовски беше првиот играч на Палермо во победата од 4-1 над Карпи, Македонецот забележаситенција и два гола, а за одличната партија доби стоечки овации од публиката на „Ренцо Барбера".

Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски прокнижи нови три бода, денеска на домашен терен славеа против Карпи со 4-1.

„Сицилијанците“ брзо стигнаа  до предност од 2-0. Несторовски со глава симна една топка а Фалети, кој реализираше за 1-0 во 11. минута. Потоа се сменија улогита, и Македонецот погоди за 2-0 во 15. минута.

На стартот од вториот дел, Карпи намали на 2-1, но гостите во продолжението останаа со двајца ирачи помалку па Палермо во финишот ја осигура победата и ги реши сите дилеми.

Пушкаш погоди во 85. минута за 3-1, а Несторовски 180 секунди подоцна заврши една контра за 4-1. Капитенот на Палермо веднаш беше повлечен од игра и доби стоечки овации од публиката на „Барбера“.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе