Македонецот се заблагодари за укажаната доверба

Несторовски промовиран: Кога добив повик од Удинезе, веднаш стана јасно кој е мојот прв избор

Илија Несторовски попладнево беше промовиран како нов фудбалер на Удинезе, Македонецот вели дека не се двоумел многу кога добил повик од „бјанконерите" и покрај тоа што имал неколку понуди.

Напаѓачот пред две недели потпиша за Удинезе откако неговиот договор со Палермо беше раскинат по преселбата на „сицилијанците“ во четврта лига.

Македонецот попладнево беше промовиран како нов фудбалер на „бјанконерите“ од Фриули и се појави пред новинарите заедно со техничкиот директор Пјерпаоло Марино.

Запрашан што очекува од новата авантура со оглед на тоа дека шест сезони по ред постигнува двоцифрен број на погодоци, „Нестогол“ рече: „Најпрво сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата, се надевам дека ќе ви си оддолжам со она што најдобро го знам, да ги тресам противничките мрежи“.

„Шест години постигнувам двоцифрен број на погодоци, па и целта за оваа сезона е иста, морам да постигнам најмалку 10 погодоци. Но можам и да асистирам, добро да се движам во просторот и умеам да ги проиграм соиграчите. Кога сте малд, ви недостига искуство во одредени моменти, но верувам дека доволно созреав за да бидам максимално прецизен“.

Македонецот изминативе години често се поврзуваше со враќање во Серија А и трансфер, но дури ова лето започна нов предизвик.

„Останав две години во Серија Б бидејќи сакав да помогнам Палермо да се врати во Серија А. Точно знаев што треба да сторам кога ми се јави Удинезе, веднаш стана мој прв избор и покрај тоа што имав други понуди. Ова го сметам за голем скок во мојата кариера“.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе