Серија Б

Несторовски погоди против „вештерките“ за важна победа на Палермо (ВИДЕО)

Палермо издвојува голем триумф на гостувањето кај ривал за највисок пласман, Илија Несторовски погоди во триумфот од 1-2 против Беневенто.

Во натпревар вреден шест бода, Палермо со триумф се враќа од „Чиро Вигорито“. Илија Несторовски го забележа 12. погодок во Серија Б оваа сезона и го предводеше својот тим до победа од 1-2 на гостувањето кај „вештерките“.

Кон финишот на првиот дел, Несторовски доби употреблива топка од Јајало и реализираше за 0-1. Пушкаш во 81. минута зголеми на 0-2, а Беневенто во 90. минута преку Асенсио само стигна до почесен гол.

Со оваа победа, „сицилијанците“ сега имаат 56 бода и се на третата позиција на табелата но имаат и меч помалку во односна Лече, кој има еден бод повеќе. 57 бода има и лидерот Бреша, но и натпревар помалку во однос на Палермо, и два во однос на Лече.

Беневенто по поразот остана на четвртата позиција со 50 бода.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе