Удинезе

Несторовски: Овој гол му го посветувам на Роландо

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски својот гол и победата му ги посвети на неговиот соиграч Роландо кој има тешка повреда. 

Удинезе синоќа со 2-0 победи на гостувањето кај Рома и прокнижи три големи бода во борбата за опстанок. Нашиот Илија Несторовски беше стрелец на вториот погодок.
 
Тој голот и победата му ги посветува на неговиот соиграч, Роландо Мандрагора кој пред десетина дена заработи тешка повреда поради која долго ќе биде надвор од теренот.
 
Оваа победа и овој гол му ги посветувам на Роландо, знаеме дека тој минува низ лоша повреда, но синоќа дојде со нас и беше на стадионот да навива. Оваа победа е за него и се надевам дека ќе се врати колку што е можно побрзо затоа што ни недостасува“, вели Несторовски.
 
„Заслуживме да победиме на овој натпревар, но одигравме добро и на првите два натпревари. Денеска постигнавме одличен резултат и среќни сме поради тоа“.
 
Во следното коло Удинезе ја пречекува Џенова, тоа ќе биде дуел меѓу Илија Несторовски и Горан Пандев.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе