Палермо

Несторовски: Не си одам по секоја цена, сакам Палермо добро да заработи од мојот трансфер

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но вели дека од неговото заминување сака Палермо добро да заработи.

Неколку клубови се интересираат за Илија Несторовски, еден од нив е Црвена звезда. Напаѓачот не преферира никој, вели дека најважно му е Палермо да добие добра понуда.
 
„Не сум човек кој сака лесно да се предаде и да си оди бесплатно. Сакам Палермо да добие добра понуда. Не гледам сопствен интерес, сакам да му помогнам на клубот“, вели Несторовски.
 
Од Палермо потврдуваат дека има интерес за Несторовски, но и тие немаат намера да го дадат лесно.
 
„Нема да го дадеме лесно. За Несторовски постои интерес од Црвена звезда, но и други европски клубови ја следат ситуацијата“, изјави директорот на Палермо, Фабрицио Лучези.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе