Напаѓачот има големи зборови за капитенот

Несторовски: Македонија никогаш нема да може да му се оддолжи на Пандев, може само да му биде благодарна

Илија Несторовски преку социјалните мрежи ја искажа својата голема почит кон капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев. 

Несторовски кој беше цело време со репрезентацијата на Македонија иако не можеше да настапи, има големи зборови за Горан Пандев.
 
„Заврши Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вчера беше мечот со Холандија. Не сакавме  да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат геренации, ќе го прераскажуваат поколенија. 
Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина. 
Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро... Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда. 
Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има! GRAZIE CAPITANO“, напиша Несторовски.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе