МАКЕДОНЕЦОТ НАЈВЕРОЈАТНО ОСТАНУВА ВО СИЦИЛИЈА

Несторовски: Капитенската лента ме мотивира, сакам да го вратам Палермо во Серија А

Македонскиот фудбалер, Илија Несторовски на својот прв натпревар за Палермо со капитенската лента постигна четири погодоци и најави дека ќе биде клучниот играч во идната сезона.

Како одминува преодниот рок, така се поизвесно е дека Илија Несторовски нема да направи трансфер, ќе остане во Палермо и ќе се бори за експресно враќање во Серија А.
 
На вчерашната прва контрола на подготовките во која Палермо победи австриски нисколигаш со 13-2. Несторовски четири пати ја тресеше противничката мрежа.
 
„Задоволен сум со овие четири гола, но важното од вчерашниот натпревар е дека игравме како тим. Среќен сум што вчера прв пат бев капитен, ова за мене е една многу убава работа и мотивација да работам уште повеќе. Благодарам на Ѕампарини што ми ја даде довербата. Имам уште три години од договорот со Палермо, подготвен сум да останам, во моментов не размислувам за трансфер. Нашата цел е веднаш да се вратиме во Серија А затоа што овој град, овој клуб и овие навивачи го заслужуваат тоа“ - изјави Несторовски за сајтот на Палермо. 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе